сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 7
home Хроника

Трагедија во делчевско: Маж загина во несреќа со запрежна кола- телото го пронашле жители од селото

Трагедија во делчевско: Маж загина во несреќа со запрежна кола- телото го пронашле жители од селото

Во несреќа со запрежна кола натоварена со дрва, животот го изгуби 75-годишниот Симеон Маринков од делчевското село Град.

Како што информираат од СВР Штип, случајот во ПС во Делчево бил пријавен во 20:15, а телото на починатиот било пронајдено под запрежната кола натоварена со дрва од страна на жители од селото во месноста Момин Дол во атарот на селото Град.

-Надлежни екипи извршија увид на местото на несреќата, а доктор од Итната медицинска помош од Делчево извршил преглед на телото на починатиот и установил политрауми, односно пореди на главата, кичмата, градниот кош, внтарешно и надворешно крвавење. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат, рече Панајотова.

Коронавирус