На 27.10.2018 година околу 01:00 часот во с.Двориште-Берово, И.С. (22) управувајќи трактор изгубил контрола и паднал во провалија.
Во кабината на тракторот бил и А. К. (34) и двајцата од село Двориште.
Од здобиените повреди А.К починал на пат кон Медицински центар -Берово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.