четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 81
home Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО БАРДОВЦИ: Девојче се удави во базен од семејната куќа

ТРАГЕДИЈА ВО БАРДОВЦИ: Девојче се удави во базен од семејната куќа

На 31.07.2019 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ било донесено починато осумгодишно девојче од село Бардовци, скопско. Девојчето околу 21,15 часот се удавило во базен од семејната куќа.

Од итна медицинска помош била извршена реанимација, по што била пренесено во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде од страна на лекар констатирана била смрт.