четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 146
home Хроника

Трагедија вечерва ја потресе Македонија: Полицајци обезбедувале место каде се случила сообраќајка, а возило удрило во нив- еден починал

Трагедија вечерва ја потресе Македонија: Полицајци обезбедувале место каде се случила сообраќајка, а возило удрило во нив- еден починал

Полициски службеници од БПС-Гостивар П.Ѓ. и Ф.Ш. вечерва околу 19 часот на патот Тетово-Гостивар додека го обезбедувале местото на сообраќајната незгода што претходно се случила меѓу две возила, во нив удрило патничко возило „форд фокус“.

Според првичните информации од терен, како што соопштија од МВР за МИА, Ф.Ш. е пренесен во болница во Гостивар, а П.Ѓ. починал.

Во ПС Гостивар од слобода е лишен Р.Ш. (31) од село Грашница-Кичево кој го управувал возилото „форд фокус“ со кичевски таблички, соопшти МВР.

Коронавирус