недела, 20. септември 2020. Вести денес: 69
home Хроника

Трагедија: Тинејџер почина од струен удар

Трагедија: Тинејџер почина од струен удар

Осумнаесетгодишен кичевец, кој вчера се здобил со повреди предизвикани од струен удар, почина откако бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.

-Вчера во 17:11 часот во полициската станица во Кичево пријавено е дека во куќата на Ч.Б. од селото Грешница, Б.З.(18) од Кичево се здобил со повреди предизвикани од струен удар. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде што починал, информира портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од полициската станица во Кичево.

Коронавирус