петок, 25. септември 2020. Вести денес: 168
home Хроника

Трагедија: Тело на маж вечерва извлечено од Вардар

Трагедија: Тело на маж вечерва извлечено од Вардар

Попладнево, нешто пред 16 часот во близина на селото Миравци, во Вардар, додека две лица, местеле мрежи во реката, едниот маж паднал и го снемало во водата, дознава Centar.mk.

По неколку часовно пребарување од страна на надлежните служби, нешто пред 20 часот, мажот на возраст од 55 години е пронајден мртов од страна на жителите на селото и неговото тело е извлечено од водите на Вардар.

Лекар констатирал смрт, а според сознанија на Centar.mk, врз телото ќе биде извршена и обдукција.

Повеќе детали се најавени за утре.

Коронавирус