вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија: Скопјанка пронајдена мртва во својот дом, познат нејзиниот идентитет

Трагедија: Скопјанка пронајдена мртва во својот дом, познат нејзиниот идентитет

Вчера во 14:52 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом на ул. „8-ми Септември“ од екипа на Итна медицинска помош без видливи траги на насилство била пронајдена почината 50-годишната П.М., која живеела сама и боледувала од повеќе болести.

Како што информира МВР, увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.