вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 164
home Хроника

ТРАГЕДИЈА: Почината скопјанка пронајдена кај Градска болница- била претепана од синот, а не сакала да пријави

ТРАГЕДИЈА: Почината скопјанка пронајдена кај Градска болница- била претепана од синот, а не сакала да пријави

Од полициски службеници од СВР Скопје вчера бил лишен од слобода П.М.(36) од Скопје. Постапувајќи по пријава дека во близина на Градска општа болница „8 Септември“ била пронајдена почината В.М.(59) од Скопје, полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека околу 00.30 часот В.М. била пронајдена со повреди во с.Волково, по што била пренесена во Градска општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош, но самостојно ја напуштила болницата.

По преземени мерки било утврдено дека таа била физички малтретирана од синот П.М., но не сакала да пријави.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Коронавирус