среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 2
home Хроника

Трагедија: Почина жената која беше најтешко повредена во верижниот судир на автопатот Велес-Скопје

Трагедија: Почина жената која беше најтешко повредена во верижниот судир на автопатот Велес-Скопје

Почина жената која што со тешки телесни повреди беше пренесена на КАРИЛ по верижната сообраќајна несреќа што се случи утринава околу осум часот кај местото Пуста Кула на автопатот Велес-Скопје.

Во несреќата повредени беа и нејзиниот сопруг и внука, сите од Кавадарци кои со полесни повреди завршила во велешката болница, каде што се задржани на понатамошна опсервација.

Според последните информации од полицијата, сообраќајката се случила помеѓу седум возила, од кои едно избегало од местото на несреќата.

Возилото го напуштило лице место, непозната марка и не се знае кој управувал, се трага по него.

-Тоа е трето возило по ред кое застанало на сообраќајната несреќа и не е предизвикувач на сообраќајната несреќа , возачот по своја волја сам го напуштил местото на настанот што не е во ред, вели Верољуб Додевски, портпарол на СВР ВЕЛЕС

Полицијата направи увид на местото на несреќата и ги утврдува причините поради кои се случил верижниот судир. Најверојатно причина е лизгавиот коловоз и маглата во утринските часови.