вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 5
home Хроника

Трагедија: Почина скопјанка откако со возило излетале од патот

Трагедија: Почина скопјанка откако со возило излетале од патот

На 25.09.2021 околу 16:10 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Облавце – општина Старо Нагоричане, патничко возило „форд фјужн“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ц.(75) од Скопје, излетало од патот.

Во несреќата, возачот и сопатничката Р.И.(80) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што околу 20.00 часот Р.И. починала.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Локални избори 2021