четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 119
home Хроника

Трагедија: Почина штипјанец, се превртел од трактор

Трагедија: Почина штипјанец, се превртел од трактор
фото илустрација

На 13.10.2021 во 22:06 часот во СВР Штип, било пријавено дека во 21:50 часот во атар на с.Стар Караорман, штипско, бил пронајден починат К.Ц.(43) од с.Стар Караорман.

Според пријавеното, околу 16:00 часот тој отишол да врши земјоделски работи со трактор, при што се превртел и починал.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Локални избори 2021