петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 150
home Хроника

ТРАГЕДИЈА НА СТАРА НОВА ГОДИНА: Малолетно девојче загина по полноќ во сообраќајна несреќа

ТРАГЕДИЈА НА СТАРА НОВА ГОДИНА: Малолетно девојче загина по полноќ во сообраќајна несреќа

Денеска во 01:30 часот на крстосницата од улиците „2“ и „10“ во село Миладиновци и локален пат за село Бујковци, кај железничката пруга, патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н. С. (20) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т. П. (19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопјe, информираат од МВР.

Коронавирус