вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 27
home Хроника

Трагедија на патот Скопје–Македонски Брод, загина велосипедист

Трагедија на патот Скопје–Македонски Брод, загина велосипедист

Сообраќајна несреќа во која велисопедист го загуби животот се случила вчера околу 14.50 часот на регионален пат Скопје–Македонски Брод, кај место викано „Бабин дол“.

Полицијата информира дека автомобил „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.В.(47) од Македонски Брод, удрил во велосипедист С.П.(65) од Македонски Брод.

-По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Здравствена установа Македонски Брод, каде од здобиените повреди кај него била констатирана смрт, се наведува во полицискиот билтен.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонски Брод.

Коронавирус