петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 142
home Хроника

Трагедија на патот Катланово-Бадар: Две лица загинаа откако излетале со автомобил

Трагедија на патот Катланово-Бадар: Две лица загинаа откако излетале со автомобил

Двајца скопјани ги загубија животите во сообраќајна несреќа која вчера околу пладне се случила на патот Катланово-Бадар, во близина на мостот на река Пчиња.

Од полицијата информираат дека по пријава интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје и го извадила патничко возило „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки.

-Во него имало две починати лица. Се работи за лицата З.Н.(39) од Скопје и С.П.(22) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.

Коронавирус