Четири лица загинаа во тешка сообраќајка што попладнево се случила на патот Ресен – Охрид во близина на селото Крушје, потврдуваат од МВР.
Според полициски информации, до несреќата дошло попладнево околу 16:30 часот кога при се уште неразјаснети околности се судриле три автомобили, две со битолски и едно со охридски регистарски таблички.
Од МВР и официјално ја потврдија оваа информација, но не откриваат повеќе детали до завршување на полицискиот увид.