петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 7
home Хроника

Трагедија на автопатот Куманово- Велес: Возач загинал на лице место

Трагедија на автопатот Куманово- Велес: Возач загинал на лице место

Вчера во 14.30 часот на автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“, Д.Б.(36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, по што возачот починал на лице место.

Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.