Педесет и седум годишниот С.Г. од Скопје го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на автопатот Гевгелија-Скопје.
Од полицијата информираат дека скопјанецот управувајќи товарно моторно возило “Мерцедес“ со полуприколка “Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел.
-По незгодата возачот С.Г. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа Гевгелија, каде починал, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
loading...