среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 88
home Хроника

Трагедија: Македонец почина откако со автомобилот удри во дрво

Трагедија: Македонец почина откако со автомобилот удри во дрво
фото-илустрација

На 19.11.2018 година околу 23:30 часот на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, Н.И.(52) од село Милетино, управувајки патничко возило „Хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво.

Од здобиените повреди Н.И. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.