вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија кај Македонски Брод: Починал при транспорт до болница после тешка сообраќајка

Трагедија кај Македонски Брод: Починал при транспорт до болница после тешка сообраќајка

На 27.08.2019 во 18:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков, пред влезот за с.Ковче В.З.(46) од с.Растеш-Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа – Македонски Брод, а оттаму во Општата болница – Прилеп, но при транспортот починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Коронавирус