сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија кај Градско: Почина млад Пакистанец, во него удри воз

Трагедија кај Градско: Почина млад Пакистанец, во него удри воз

На 19.09.2019 во 18:40 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, во близина на с.Ногаевци, општина Градско, удрил во А.И.(23) од Пакистан, кој починал на местото.

Со него бил и Р.М.(30) од Пакистан, кој бил предаден на полициски службеници и бил префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.