недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија ја потресе Македонија: Родилка почина во болница- бебето преживеа

Трагедија ја потресе Македонија: Родилка почина во болница- бебето преживеа

Родилката Маја Паневска од Свети Николе починала утрово во болницата во Штип откако вчера вечерта била породена во болницатa.

Како што дознава МКД.мк од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности.

Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.

Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврдил случајот, но не кажа повеќе информации за трагедијата, а во текот на денот очекуваме одговори за тоа како било извршено породувањето, дали имало компликации при породувањето и кои се причините поради кои настапила смртта.

Коронавирус