понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 78
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Хроника

ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во пожарот во Трнодол

ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во пожарот во Трнодол

Во пожарот што попладнево избувна во барака во скопската населба Трнодол има една жртва. Телото е пронајдено при расчистување на остатоците од пожарот.

-Пожарот е изгаснат пред околу 20 минути. Дел од пожарникарите кои останаа на терен да го расчистат теренот го пронајдоа телото, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Владимир Симоновски во изјава за МИА.

Пожарот беше пријавен во 14 часот, а Противпожарната единица на Град Скопје интервенираше со пет возила и 14 пожарникари.

Причините за настанување на пожарот ќе бидат познати по извршениот увид. (МИА)