сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Товарно возило удри во дете велосипедист, хоспитализирано со тешки повреди

Товарно возило удри во дете велосипедист, хоспитализирано со тешки повреди
илустрација

Сообраќајна несреќа во која е повреден малолетник се случила вчера во 15.20 часот на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во с.Мирковци.

Од МВР информираат дека товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје.

-Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус