вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 36
home Хроника

Товарно возило излета од пат, повредено едно лице

Товарно возило излета од пат, повредено едно лице

На 21.10.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, пред влез во с.Чардаклија, товарно возило „цитроен џампер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од К.А.(51) од с.Гардошорци, струмичко, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ѓ.(53) од с.Владиевци, струмичко, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Коронавирус