сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 56
home Хроника

Товарен воз се излизга кај Романовце, нема повредени

Товарен воз се излизга кај Романовце, нема повредени

Товарен воз се излизга на пругата во село Романовце, Кумановско нема повредени лица, соопштија денеска од ЈП за Железничка инфраструктура, Железници на Република Северна Македонија- Скопје.

Несреќата се случила во 9:20 часот кога товарниот воз кој сообраќаел од Трубарево кон Куманово и превезувал толчаник (камен) за потребите на ЈП за Железничка инфраструктура се излизгал и се случила хаварија на 14 вагони од вкупно 20-те вагони. Од претпријатието соопштија дека оштетена е и пругата и ќе има застој на коридорот 10.

-Комисијата за вонредни настани која е составена од стручни лица вработени во АД МЖ Транспорт и ЈП МЖ Инфраструктура е излезена на местото за да направи увид и ги открие причините за несреќата, соопштија надлежните.

Од Јавното претпријатие велат дека првин ќе се расчисти пругата од излизганите вагони, по што стручни екипи ќе извршат санација на оштетениот дел.

-Ќе се работи со засилен интензитет за да може што е можно побргу, повторно да се воспостави сообраќајот на Коридорот 10, кој е од најголемо значење за железничкиот сообраќај во државата,наведуваат претпријатието.

Од СВР Куманово велат дека кај нив настанот е пријавен и дека нивна екипа врши увид

Коронавирус