сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџерка прегази пешак, повреден и совозачот

Тинејџерка прегази пешак, повреден и совозачот

Сообраќајна несреќа во којаповредени се две лица се случила вчера околу 8:50 часот во липковско Оризаре на регионалниот пат Липково – Куманово.

Несреќата се случила кога Е.Е.(19) од с.Отља, општина Липково, управувајќи „Даихатсу“, со кумановски регистарски ознаки, удрила во пешакот А.Р.(23) од с.Лојане, општина Липково.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е., сопатник во возилото. Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.