понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџерка обљубена од постар маж, сторителот приведен

Тинејџерка обљубена од постар маж, сторителот приведен

Деветнаесетгодишна жителка на тетовско село, вчера пријавила дека во периодот од јуни до август годинава била неколку пати обљубена, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Според пријавата, додека престојувала во изнајмен стан во Тетово, врз неа неколку пати била извршена обљуба од М.М.(58) од тетовско Новаке и од уште едно непознато лице.

-М.М, кој и го обезбедил станот и во кој повремено се среќавале, е обезбеден во СВР Тетово и се  расчистува случајот, вели Јосифоски.