недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 66
home Хроника

Тинејџерка наместо да седи во изолација, си возела автомобил

Тинејџерка наместо да седи во изолација, си возела автомобил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Р.Т.(18) од Демир Капија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 14.09.2021, полициски службеници од Полициска канцеларија Демир Капија пријавената била затекната во патен сообраќај како управува патничко моторно возило и покрај тоа што имала Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за здравствен надзор и домашна изолација поради контакт со лице позитивно на Ковид 19.

Локални избори 2021