недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер со фотографии уценувал врсничка за да остане со него, девојката им кажала на родителите па се обидела да се самоубие

Тинејџер со фотографии уценувал врсничка за да остане со него, девојката им кажала на родителите па се обидела да се самоубие

Четириесет и седумгодишниот Х.З. од тетовско Горно Палчиште, вчера околу 13 часот пријавил уцена на неговата 19-годишна ќерка од, исто така, 19-годишниот М.А. од Порој, со кого била во љубовна врска.

Меѓутоа, поради тоа што врската не ја одобрувале родителите, извесно време таа била прекината, па потоа обновена.

-Пријавениот М.А. повеќе пати ја уценувал да биде со него, зашто ќе објавел нивни заеднички контраверзни фотографии, а барал и добил пари и златен накит, кој минатата година во значителен дел и го вратил, но продолжил да ја вознемирува и уценува. Завчера таа им кажала на родителите, по што испила поголема количина разновидни таблети и во безсознание била префрлена на скопските клиники, информираат од полицијата.

Деветнаесетгодишниот М.А. повикан е во Полициската станица Тетово, разговарано е со него и се расветлуваат сите поединости во врска со пријавеното.

 

Коронавирус