понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 116
home Хроника

Тинејџер со автомобил удрил во велосипедист

Тинејџер со автомобил удрил во велосипедист
илустрација

Велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Рокомија“ во Скопје.

Автомобил „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(19) од с.Арачиново, скопско, удрило во велосипед, управуван од Ќ.И.(54) од Скопје.

-Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Коронавирус