среда, 18. септември 2019. Вести денес: 73
home Хроника

Тинејџер со автомобил удри жена, со тешки повреди пренесена на Клинички

Тинејџер со автомобил удри жена, со тешки повреди пренесена на Клинички

Патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од с.Седларе, тетовско, удрил во пешакот Џ.Х.(46) од Скопје.

Несреќата информираат од МВР, се случила вчера околу 16:20 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Х., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.