четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Хроника

Тинејџер со автомобил удри во 20 годишна девојка која добила тешки повреди

Тинејџер со автомобил удри во 20 годишна девојка која добила тешки повреди

На 07.04.2021 во 19.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„4 Јули“ во Струмица, патничко возило „нисан“, со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Ч.(18) од Струмица, удрило во В.Б.(20) од с.Русиново, беровско, информира МВР.

Во незгодата, В.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

Коронавирус