недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер прегази жена во Охрид, починала во скопскиот Клинички центар

Тинејџер прегази жена во Охрид, починала во скопскиот Клинички центар

На ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, патничко возило  „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(19) од Скопје удрило во пешак М.Т.(58) од Охрид.

Несреќата информира МВР, се случила вчера во 18:30 часот.

-М.Т. била префрлена за укажување на лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнала на повредите, велат од полицијата.

На местото на незгодата бил извршен увид од Јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.

Коронавирус