вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 34
home Хроника

Тинејџер прегазен во Гостивар, со тешки повреди итно пренесен во Клинички

Тинејџер прегазен во Гостивар, со тешки повреди итно пренесен во Клинички

Седумнаесетгодишен пешак  е тешко повреден денеска околу 10:30 часот во Гостивар кога во него удрил автомобил „Фосфаген џета“.

Поради тежината на повредите од гостиварската болница тој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата информира дека денеска околу 10:30 часот, на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Браќа Гиновски“ во Гостивар, автомобил „Фолсфаген џета“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Б.И.(38) од Долна Бањица, Гостиварско, удрил во 17-годишен пешак од Гостивар.

Пешакот се задобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, пренесен е во Комплекс клиники ”Мајка Тереза” Скопје.