вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 49
home Хроника

Тинејџер од Куманово направил злоупотреба на лични податоци

Тинејџер од Куманово направил злоупотреба на лични податоци

Кривична пријава за 19-годишен Кумановец поднесе СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

-Во текот на 2019, пријавениот М.И.(19) како возач во два наврата, управувајќи патничко возило „голф“, сопственост на неговата мајка и патничко возило „опел“ сопственост на С.Ц. од Куманово, при сообраќајна контрола на полициски службеници, поради непоседување возачка дозвола и поради сторени сообраќајни прекршоци, употребил и искористил лични податоци од оштетениот Д.И. од Куманово, без негова согласност, соопшти МВР.