недела, 15. септември 2019. Вести денес: 13
home Хроника

Тинејџер од Куманово крадел каде стигне, сега добива кривична

Тинејџер од Куманово крадел каде стигне, сега добива кривична

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против деветнаесетгодишен кумановец кој за помалку од три месеци извршил пет тешки кражби на различни локации во градот, информираа денеска од СВР Куманово.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 23 мај до 9 август годинава извршил тешки кражби на различни локации во Куманово“, се наведува во соопштението на СВР Куманово.