четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Хроника

Тинејџер од Гостивар заработи две пријави, откако со четирицикл оштети сообраќаен знак

Тинејџер од Гостивар заработи две пријави, откако со четирицикл оштети сообраќаен знак

Седумнаесетгодишникот, кој пред некој ден во обид да сними видео за социјалните мрежи, оштети сообраќаен знак доби две пријави од полицијата.

Тој, попладнево е повикан во полиција и со него е извршен службен разговор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар. За сторените прекршоци, подготвени се две пријави согласно Законот за возила.

Од СВР Тетово информираат дека го идентификувала и санкционира лицето, кој управувајќи четирицикл на 4 април во близина на крстосницата на улиците „Живко Брајковски” и „101″ во Гостивар, преминува преку тротоарот и со четирициклот оштетува сообраќаен знак. Видеото што беше објавено на социјалните мрежи наиде на реакции во јавноста.

Коронавирус