вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 49
home Хроника

Тинејџер нападнат и ограбен во Градски парк

Сторителите со закана со нож му го одзеле мобилниот телефон.
Тинејџер нападнат и ограбен во Градски парк

Осумнаесет годишниот П.Ј.С. од скопско Петровец вчера околу 21 часот бил нападнат и ограбен од страна на три до четири лица во Градски Парк, информираат од полицијата.

Сторителите со закана со нож му го одзеле мобилниот телефон.

-Откако му го одзеле телефонот физички го нападнале нанесувајќи му видливи повреди на главата, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.