Скопјанецот Х.И.(18) е тешко повреден откако вчера во Сарај возејќи мотоцикл „Сузуки“ без регистарски ознаки изгубил контрола и се излизгал по коловозот.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, но поради карактерот на повредите со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.