среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 25
home Хроника

Тик ток фалба заврши со казна: 20- годишно момче од Тетово со флешери и хорна поминал без да плати патарина

Тик ток фалба заврши со казна: 20- годишно момче од Тетово со флешери и хорна поминал без да плати патарина

Полициски службеници од ПС Тетово на 03.02.2021 во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино и тоа го објавил на социјалната мрежа „тик ток“.

Ш.С. во службениот разговор го признал делото а т.н. „флешери“ се демонтирани.

МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31.01 и 01.02 санкционираше 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери“ со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.

ЕУРО 2020

Македонија