сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 31
home Хроника

„Тигрите“ го опколија тетовското село Требош, еве што се случува

„Тигрите“ го опколија тетовското село Требош, еве што се случува

Припадници на специјалната полициска единица „Тигар“ учествуваа во апсењето на двајца опасни криминалци од Тетовско, осудени на повеќегодишни затворски казни за убиство и трговија со луѓе.

-На 14.12.2020 во 10.30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек за потрага со асистенција на Единицата за специјални задачи во село Требош-тетовско го приведоа Р.Ф. (47) од с.Требош, кој се барал со меѓународна потерница од Основен суд Тетово во врска со трговија со луѓе. Лицето е спроведено во казнено поправна установа, велат од МВР.

„Тигрите“ вчера во Тетово го уапсија и тетовецот Г.Е.(43), осуден за убиство.

-На 14.12.2020 година во 14:50 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи на ул.„Страшо Пинџур“ бб го приведоа Г.Е. (43) од Тетово кој се барал со меѓународна потерница од 2008 година од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци затвор во врска со член 123 ст.1 од КЗ на РСМ, велат од МВР.

Коронавирус