понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Хроника

Тетовец осомничен за повеќе од 25 кражби во изминатите три месеци

Тетовец осомничен за повеќе од 25 кражби во изминатите три месеци

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти и документира 18 тешки, осум кражби и еден обид за тешка кражба, за чие извршување се сомничи 38-годишниот тетовец Ј.Ц, против кого се изготвени и ќе бидат поднесени кривични пријави.

МВР денеска соопшти дека Ј.Ц. се сомничи дека во јуни, јули и август оваа година во Тетово насилно провалувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одземал парични средства, музичка опрема, компјутери и други предмети, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на околу 525 илјади денари.

Најголемиот број од одземеното е пронајдено и веќе им е вратено на нивните сопственици, односно на оштетените.