среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 92
home Хроника

Тетовец и гостиварци оперирале без усул- украдените работи вратени на сопствениците

Тетовец и гостиварци оперирале без усул- украдените работи вратени на сопствениците

На 03.09.2019 во периодот од 13.50 до 14.30 часот полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(51) од Тетово, Ф.Б.(35) од гостиварска Долна Бањица и Ф.К.(35) од Гостивар поради сомнение за извршени повеќе кривични дела кражби или прикривање.

Притоа, кај Ф.Б. биле пронајдени повеќе предмети кои потекнувале од извршените кражби, кои биле вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.