сабота, 4. февруари 2023. Вести денес: 102
home Хроника

Тетовец баран со меѓународна потерница за киднапирање уапсен на Ќафасан

Тетовец баран со меѓународна потерница за киднапирање уапсен на Ќафасан

Тетовец баран со меѓународа потерница од италијанските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница.

Станува збор за жител на селото Доброште, тетовско, по кого Интерпол Рим пред единаесет години распишал потерница и го бара за кривични дела по две основи „принудување на проституција“ и „киднапирање“.

– Лицето Мусли Халити (44), македонски државјанин, е упасен при влез на преминот Ќафасан откако при контрола на неговите документи во системот, произлезе дека е лице барано со меѓународна потерница. Судот во Монца, Италија во јуни 2001 година му изрекол мерка  притвор, за извршени кривични дел „принудување на проституција“ и „киднапирање“, а потоа Интерпол Рим распишал меѓународна потерница, стои во соопштението на регионалниот полициски комесаријат од Корча, под чија надлежност е преминот.

За неговото апсење известена е канцеларијата на Интерпол Тирана, која треба да превземе понатамошни активности за негова екстрадиција во Италија.

МИА