среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 158
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Хроника

Тетовчанка уапсена во Скопје, кај неа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба

Тетовчанка уапсена во Скопје, кај неа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело кражба

На 17.05.2022 во 23.45 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.Ј.(22) од Тетово.

Таа била барана по потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна и поради сомнение дека околу 23.00 часот на 17.05.2022 одзела предмет од возило на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, сопственост на М.Т.(48) од Скопје.

Таа била приведена во Полициската станица Центар и во службен разговор со полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го признала делото.

При преглед кај неа бил пронајден предметот, кој подоцна бил вратен на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (18.05.2022), таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Коронавирус