среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 2
home Хроника

Тетовчанец застрелал куче со пушка

Тетовчанец застрелал куче со пушка

Во тетовската полиција вчера било пријавено дека 69 годишник од Долно Седларце со пушка застрелал бездомно куче во селото Долно Седларце. Тој подоцна бил повикан во полициската станица во Тетово при што одземена му е ловечката пушка.

– Во координација со ветеринарен инспектор извршен е увид. И. С. (69) повикан е во Полициската станица Тетово и одземена му е ловечка пушка „Црвена застава 16 ГА M70“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираше СВР Тетово.

Иван Спировски од Долно Седларце во изјава за локална телевизија изјави дека се одлучил на постапката зошто се чувстувал загрозен за семејството и добитокот.

-Со месеци влегуваше во дворот пред семејната куќа и ги напаѓаше домашните птици и внукот. Ми задави две гуски кои чинат 50 евра. Кој ќе ми ја плати штетата. Иако сега јас можеби ќе платам казна, ама нема да има друга штета, изјави Спировски.