вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 200
home Хроника

Тешко повредените во сообраќајката кај Лакавица пренесени во Клиничката болница во Штип

Тешко повредените во сообраќајката кај Лакавица пренесени во Клиничката болница во Штип

Четворицата тешко повредни во сообраќајната несреќа кај штипското село Лакавица се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за Утрински Весник вели дека двајца пациенти се наоѓаат на одделението за неурохирургија, додека еден на одделението за хирургија, а четвртиот пациент е на ортопедија.

Тој додаде дека лекарите во моментов вршат прегледи и интервенциите на пациентите.

Сообраќајната несреќа се случи во 14:47 часот на регионалниот пат Штип-Радовиш кај Лакавица кога се судрија камион со скопски регистерски таблички и автомобил марка „Голф“ со радовишки регистерски таблички.

Коронавирус