петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 119
home Хроника

Тешко повредени двајца возачи: Сообраќајка на патот Прилеп- Крушево

Тешко повредени двајца возачи: Сообраќајка на патот Прилеп- Крушево

На регионалниот пат Прилеп-Крушево вчера во 21.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари, прилепско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Коронавирус