петок, 23. август 2019. Вести денес: 10
home Хроника

Тешко повредени двајца мотоциклисти од Скопје и Велес: Едниот удрил во бетонски ѕид, другиот се излизгал на пат

Тешко повредени двајца мотоциклисти од Скопје и Велес: Едниот удрил во бетонски ѕид, другиот се излизгал на пат
илустрација

На 01.06.2019 околу 23,30 часот на Регионалниот пат Р-1312 (Велес – Извор) З. П. (30) од Скопје управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во бетонски ѕид. З.П е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес каде од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид.

На 02.06.2019 околу 03,30 часот во Велес на ул.„Васил Ѓоргов“ М.Ј (26) од Велес управувајќи мотоцикл „пијаџо беверли“ со велешки регистарски ознаки се излизгал со мотоциклот на коловозот и паднал, по што е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде од страна на лекар констатирани му се тешки телесни повреди. Извршен е увид.