понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 55
home Хроника

Тешко повредени двајца мигранти кои се обидувале да се качат на воз кон Гевгелија

Тешко повредени двајца мигранти кои се обидувале да се качат на воз кон Гевгелија

На 30.12.2018 година во 23,55 часот било пријавено дека на железничка станица Трубарево, додека две лица – мигранти се обидувале да се качат на товарен воз кој сообраќал кон Гевгелија, при тргнување на возот едно од лицата било повредено, при што му биле нанесени тешки телесни повреди. Од екипа на Итна медицинска помош повреденото лице билo пренесенo во kомплекс клиники “Мајка Тереза“.

Другото лице е однесено во ПС Гази Баба за понатамошна постапка. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.